Tuesday, April 8, 2014

NMD- RECEPTI - CAEVI=NESONICA, OTOCI,BUBREZI ITN...

Несоница

Несоница

Пореметување на сонот



Како последица на несоницата често доаѓа до покачена телесна тежина.  Доцните и несоодветни оброци кои го отежнуваат варењето и дополнително го пореметуваат сонот, треба да се прескокнат.

1.    Во 300 мл вода ставете една лажица ситно сецкани плодови од шипка и варете ги 5 минути. Во овој чај додадете 2-3 листови нане и под капак оставете да отстои два часа. Потоа процедете, засладете со мед и пијте го наместо вода, пред спиење.

2.    Осум часа треба да отстојат 2-3 лажичиња здробени плодови глог во пола литар вода. Потоа ставете ги кратко да вријат, процедете и засладете со мед. Од оваа напивка пијте два пати на ден по еден филџан за кафе.

3.    Во еден литар вино ставете 100 гр. маак да отстои десет дена со често промешување. Потоа процедете во стаклено шише, и пијте од виното по една до две чашки (за ракија) пред спиење.

4.    Две лажици цвет од портокал прелијте ги со 200 мл врела вода.
Оставете под капак да отстои 10 минути. Процедете и пијте го два пати на ден, наутро и навечер, свежо подготвен.

5.    Изедете две јаболки кои претходно сте ги свариле во вино.

No comments:

Post a Comment