Tuesday, April 1, 2014

APRILIJADA - OPSTINA BEROVO I DECATA OD GRADINKATA"23 "VGUST"

Најмладите жители од општината го одбележаа денот на шегата

Меѓународен ден на шегата, први април, априлијада... Како и да го наречеме, неизбежно е на овој ден да ги видиме најмладите маскирани за априлијадата.
Заедно со воспитувачките од Детската Градинка „23.ти Август“, најмладите жители на општината беа сокриени под вешто изработените маски. Девојчињата беа принцези, самовили, пеперутки, момчињата беа супер херои од нивните омилени цртани филмови, а родителите беа со најприродната маска на лицата - изразот на среќа беше видлив на лицето на секој родител, благодарение на озарените детски насмеани ведри лица.
Денешниот маскенбал беше всушност најсреќниот хепенинг за најмладите. Дечињата, обвиени во априлската еуфорија под маски, направија улична парада, почнувајќи од градинката, па се до плоштадот Димитар Беровски, каде секоја група посебно го изрази своето задоволство, а секое дете индивидуално нережираното спонтано уживање во првоаприлскиот маскенбал.
Родителите, бабите и дедовците беа препуштени на несекојдневната радост на своите најмили и најмали, споделувајќи ја нивната среќа со самото тоа што беа присутни во огромен број. И по завршувањето на првоаприлската улична парада под маски, секој продолжува по својот пат, останувајќи со убавото чувство од очекуваното уживање, споделено со најмладата популација во општината, мигови споделени со масата народ собрана на плоштадот.
Ете во тоа е убавината на детскиот маскенбал, кој иако кратко трае, тоа не ја намали убавината што ги обзема присутните, туку напротив, првичната насмевка на нивните лица остана и по завршувањето на истиот, кој само не потсети дека кога се работи за нашите најмали, не забораваме на ведрината и на убавината, не забораваме на среќата, туку ја споделуваме со најмалите, воедно зголемувајќи ја, како иманентен дел на човековото битие. Водени од детската радост, возрасните само докажуваат дека не се само пасивни посматрачи, туку активни учесници на парадите на децата. Полниот плоштад денес само ја демонстрираше колективната среќа по повод денот на шегата. Ефектот беше постигнат- и возрасните знаат да уживаат во она во кое уживаат децата.
dsc_1498
dsc_1498
dsc_1502
dsc_1514
dsc_1516
dsc_1577
dsc_1580
dsc_1584
dsc_1588
dsc_1590
dsc_1607
dsc_1639
dsc_1647

No comments:

Post a Comment