Thursday, August 29, 2013

STO LECI MEDOT...

Откриено е дека мешавината од мед и цимет лекува многу болести. Во вистинската доза, медот не им штети ни на дијабетичарите.

Волшебна формула – мед и цимет
Инфекција на мочен меур
По една чајна лажичка цимет во прав и мед во чаша со млака вода ги уништува бактериите во мочниот меур. Пијте од оваа мешавина секојдневно извесен период и ќе почувствувате смирување.
Забоболка
Измешајте малку цимет и мед и ставете од мешавината на болниот заб. Повторете го неколку пати во денот. Дури и доколку забоболката на овој начин се смири, треба да посетите стоматолог што е можно поскоро.
Загуба на коса
Направете смеса од жешко маслиново масло, по една чајна лажичка мед и цимет во прав и оставете да отстои на главата 15 минути, а потоа убаво измијте ја.
Настинка и грип
За вообичаени или посериозни настинки, хронични кашлици и синуси, земајте по една лажичка мед и цимет три дена по еднаш дневно. Се смета дека медот штити и од грип.
Варење, чувсто на надуеност и болка во стомакот
Една лажичка мешавина од мед и цимет пред јадење ги намалува киселините во желудникот и го помага варењето. Помага и при чувство на надуеност и болка во стомакот.
Болести на срцето
Мешавината од мед и цимет го намалува холестеролот штитејќи на тој начин од срцеви удари. Оваа комбинација ја намалува загубата на здив и го јакне отчукувањето на срцето.
Имунитет
Дневната употреба на комбинацијата мед-цимет го зајакнува имунолошкиот систем и го штити телото од бактерии и вируси.
Долговечност
Кога редовно се конзумира, чајот од цимет и мед го спречува стареењето и го продолжува животот.
Инфекции на кожа
Егземи, лишаи и други видови кожни инфекции се лекуваат со смеса од мед и цимет нанесена на заболеното место.
Слабеење
Во една мала шоља зовриена вода растворете малку цимет и мед и пијте наутро на празен желудник. Циметот има поинтензивен вкус и некои луѓе тешко го поднесуваат во поголема концентрација. Сепак, обидете се, ефектите се корисни. Пробувајте постепено, во мали голтки.
Замор
Некои истражувања покажуваат дека земањето половина лажичка мед со малку цимет во прав измешани во шољичка вода наутро и околу три часот напладне, кога опаѓа виталноста на телото, го елиминира заморот и ја враќа енергијата.
Лош здив
Плакнење на грлото со раствор од топла вода, малку мед и цимет го елиминира лошиот мирис од устата.

No comments:

Post a Comment