Sunday, August 25, 2013

PLANET AYURVEDA - LECENJE NA RAZNI BOLESTI


За нас


Ајурведски специјалист во Македонија

158
Ајурведа во Македонија за прв пат е претставена уште во времето на Александар Македонски.
По војувањето на Александар со Индија земал со него и Ајурведски доктори за да ја лечат неговата војска. Тие исти доктори кога пристигнале во денешна Грција воспоставиле еден нов систем на лечење наречен УНАНИ медицина.
Унани медицината е всушност модификација на Ајурведата. Во древните ајурведски текстови се спомнуваат неколку билки кои потекнуваат од Македонија и се опеани во нивните песни. Така на пример е опеан лавандерот како растение кое потекнува од преубавите планини од каде потекнува Александар. За жал голем дел од овие записи се изгубени низ историјата, а традиционалните билкини комбинации останале незапишани.
Така после многу многу години Ајурведата во 2006 година повторно се претставува во Македонија преку нас. Започнавме многу скромно со едно мало дуќанче и голема желба да ја распространиме Ајурведата во Македонија.
Денеска после 5 години можеме слободно да кажеме дека Ајурведа се распостранува брзо и благодетите ги чуствуваат скоро сите наши клиенти.
Успеавме да создадем центар од 400 м2 , да донесеме специјалисти  дирекно од Индија, местото од каде што потекнува древната индиска медицина Ајурведа, доаѓа д-р Пауан Мадан. Тој со своето факултетско образование стекнато во GURU NANAK DEV UNIVERSITY, AMRITSAR и има постигнато огромени резултати на ова поле.  Долгогодишното искуство во Панчакарма третманите поткрепено со над 40 различни ајурведски препарати и над 40 различни масла со најразлична намена Ви гарантираат за нашите успеси.
Поради отварањето на првиот традиционален Ајурведски центар во Македонија а и пошироко моравме да ја ребрендираме нашата компанија и да станеме дел од ланецот на Ајурведски центри наречен Планет Ајурведа. Планет Ајурведа денеска има отворено 5 вакви центри ширум светот и тоа во Република Чешка, Соедиетите Американски Држави, Индија ... како и во Република Македонија.
Нашата цел е да им овозможиме на граганите на Република Македонија како и пошироко да ги добијат истите услуги кои би ги добиле во Индија но со подобрена услуга и квалитет.
Нашата мисија е Ајурведата да биде препознаена во Македонија како превентивен начин на делување на убавината и здравјето на граѓаните а со тоа да им биде овозможена долговочност и поздрав живот. Нашата Визија е Планет Ајурведа да стане синоним за Ајурведа на Балканот.

Со почит

Тимот на Планет Ајурведа

No comments:

Post a Comment