• S. Panoska <spanoska@yahoo.com>
    To:e.kikovic@yahoo.com
    Nov 12 at 1:08 PM
    Добар ден,

    Ова се само дел од песничките,кои се составен дел на новата стихозбирка, која конкурира за награда во Едука Мак Скопје.

    Ќе ви испратам по пошта, ако ми дадете адреса од стихозбирката “Брзозборливо“ , па можете ако се сложи редакцијата нешто и од неа да користите.

    Срдечен поздрав.

    Снежана Паноска




    Јас сум само дете

    Не давајте ми компјутери,
    таблети, телефони,
    пуштете ме надвор ,
    ете ,
    јас сум само дете .

    Сакам топки, игри разни,
    свеж воздух, велосипед,
    сакам ролери да возам ,
    ете,
    јас сум само дете.

    Сакам сонце, трева росна,
    бистри реки и езера,
    сакам воздух, чиста вода,
    ете,
    нели,  јас сум само дете.



    Иде лето

    Иде лето,иде лето,
    Кај ќе одиш дете мило ?
    Во шумата , по ливади,
    крај потоци и изворчиња.
    Крај езеро  ,далги мирни,
    Покрај море широчини
    Кај дедо и на баба на село
    Ќе трчам по сокаци развиорено
    Со јагненца бели разиграни
    Сонцето ќе ме гали и топли
    Од бунарот водата ќе ме разладува
    Од изворче и рекиче
    Голтка живот ќе ме опива.



    Мачорот Марко

    Мачорото Марко
    во грмушка се крие
    со вода и сапун
    не сака да се мие.

    Рипчиња тој сака
    испржени пресни
    уловени денес,
    oд  рибарот Петко.

    Марко,мрзлив Марко
    глувчиња да бркаш
    а не пилешка супа
    со сласт ти да сркаш.


    Малиот крадец

    Засадила баба Маре
    во градина мала
    зелка,морков,зеленчуци разни,
    ама некој и ги краде.

    Со метлата стои
    крадецот го чека,
    со воспитни две ,три сака
    него да го пречека.

    Ама душа и се топи
    штом здогледа крадец мал
    зајаченце гладно ,мало,
    во тревата се сокрило,
    и со желба се покрило.

    Лиска

    Си тргнала лиска итра
    кон селските дворови ,
    со млади коковчиња
    сака да се слади.

    Ама Шарко буден везден
    ја сетил и чека,
    за долгата опашка,
    ќе ја фати сега.

    Избегала итра лиска,
    низ трње и боцки,
    лута и гладна  била,
    оти и без долгата опашка
    сега си останала.

    Кокошка и јајце

    Коковчиња шарени и бели
    цело едно јато,
    даруваат јајциња бели и жолти,
    и наше се здравје златно.

    Јајцињата се извор здрав
    полни со витамини,
    а за празникот Велигден,
    обоени  во безброј бои.

    Топла супа, мевце бело
    копанче и крилце цело,
    испечена е толку слатка,
    за мене, мама, бате и тато.