Спас за секој пушач: Природен еликсир за чистење на белите дробови
Ако сте пушач повеќе од пет години, сигурно чувствувате последици од оваа нездрава навика. Бронхитисот, како и пушачката кашлица е сигурно нешто со што се борите, а постои рецепт кои може да ги олесни тие проблеми.
Секако, најдобро што може да направите е да ги оставите цигарите, но додека не се одлучите на тој чекор, пробајте го овој рецепт.
Потребно ви е:
*Ѓумбир, кој ќе ви помогне да се ослободите од секретот во грлото.
*Лук и кромид, кои имаат силни антиканцерогени својства, па се одлична превентива од малигните болести. Лукот е особено ефикасен во превенцијата на респираторните инфекции.
*Куркума, преполна со витамини, минерали и омега 3 масни киселини.
Рецепт за еликсирот за чистење на белите дробови
400 грама кромид, една кромид
1 литар вода
2 лажички куркума
Парче ѓумбир со големина колки палецот
Подготовка:
Во водата ставете шеќер и оставете малку да се вари водата. Додадете го кромидот исечен на поголеми парчиња и ѓумбирот кој сте го изрендале или исецкале на помали парчиња. Кога мешавината ќе зоврие, додајте ја и куркумата, намалете ја температурата и оставете уште малку да се вари. Варете додека смесата не се преполови количински, а потоа исцедете и течноста префрлете ја во стаклена тегла. Оставете смесата да се олади на собна температура, а потоа префрлете ја во фрижидер.
Примена:
Консумирајте по две лажички наутро на празен стомак и два часа после вечерата.
No comments:
Post a Comment