Friday, August 10, 2018

KROFNI

Крофни полнети со ванила крем
Потребни состојки (за 18 крофни) За тесто: - 500гр. мазно брашно - 1 коцка di-go свеж квасец - 75гр. шеќер во прав - 75гр. путер - околу 20мл. млеко - рендана кора од 1/2 лимон - 1/2 кесичка ванилин шеќер - 2 лажици рум - 4 жолчки - 1 лажица сол За крем: -25дл. млеко - 1/2 кесичка прашак за пудинг - 3 лажици шеќер - 1 лажица рум - 1/2 кесичка ванилин шеќер
1.Во половината од предвидената количина млеко растопете го свежиот квасец. Додајте му малку брашно, лажица шеќер и оставете го на топло да се подигне. Во сад просејте го преостанатото брашно заедно со шеќерот во прав. Додајте ја солта, ренданата лимонова кора и ванилиниот шеќер. 2. Во преостанатата количина од млеко растопете го путерот и додајте го румот. Кога квасецот ќе се подигне замесете го во брашното, додајте ги останатите состојки и замесете тесто кое ќе го оставите на топло околу 30 минути и ќе почекате да нарасне. 2. Разделете го тестото на 18 еднакви делови. Обликувајте ги во топчиња па покријте ги и оставете одново да се надигнат. Потоа во секое топпче вдлабнете дупка и одново оставете ги да се надигнат. 3. Вака нараснатите крофни ставете ги да се пржат во доволно загреано масло на температура од 170˚С додека да добијат румена боја. 4. За подготовка на кремот сварете го пудингот со млеко и шеќер и додека е сеуште топол додајте му 2 жолчки, рум и ванилин шеќер. 5. Испржените крофни наполнете ги со кремот и наросете ги со шеќер во прав.

No comments:

Post a Comment