Снимање со Магнетна резонанса и консултација со специјалист
Магнетната резонанса е техника со која преку магнетно поле и радио бранови се добиваат детални слики на органите и ткивата во телото. Мед-Х дијагностика располага со отворен тип на резонанца Magnetom Open Viva - што значи дека не трба да се плашите за моментот од снимање во затворен простор.
Машината за магнетна резонанса е всушност голем магнет, кога ќе легнете во машината за магнетна резонанца, магнетното поле привремено ги подредува молекулите на вода во вашето тело. Радио брановите ги поттикнуваат овие молекули на вода да произведат многу слаби сигнали кои се употребуваат за да се направат снимки со пресеци,но секогаш одделно за секој дел од телото.
Оваа машина може исто така да се употреби за да се направат 3D снимки кои можат да се разгледуваат од повеќе агли.
Зошто се изведува?
Магнетната резонанса е неинвазивен начин за преглед на органите, ткивата и скелетниот систем. Таа создава снимки со висока резолуција кои помагаат во дијагностицирање на многу проблеми.
Магнетната резонанса е неинвазивен начин за преглед на органите, ткивата и скелетниот систем. Таа создава снимки со висока резолуција кои помагаат во дијагностицирање на многу проблеми.
Магнетна резонанса на черепниот и ‘рбетниот мозок
МР се употребува за тестирање на черепниот и ‘рбетниот мозок при дијагностицирање на:
· Анеуризам
· Пореметувања на надворешното и внатрешното око
· Мултиплекс склероза
· Повреди на ‘рбетниот мозок
· Мозочен удар
· Тумор
Функционалната магнетна резонанца може да се употреби за да се идентификуваат важни делови од мозокот кои служат за контрола на јазикот и движењата кај луѓе кои се подготвуваат за операција на мозокот.

Магнетна резонанса на коски и зглобови
МР може да послужи за дијагноза на:
- Проблеми со зглобовите, како артритис
- Абнормалности кај зглобовите предизвикани од постојани повреди
- Абнормалности во ‘рбетот
- Коскени инфекции
- Тумори на коските и меките ткива
- Проблеми со Рамен појас
- Колено
- Проблеми со карлица (2 колка )
- Проблеми со стопала
- Лумоишиалгија
- Дископатија
- Дискус-хернија на р'бет
Ризици
Присутството на метал во вашето тело може да претставува опасност или да влијае на дел од снимката. Кажете му на технологот доколку во вашето тело има метал или електронски направи како:
· Метални протези во зглобовите
· Вештачки срцеви валвули
· Срцев дефибрилатор
· Пејсмејкер
· Стент
· Кохлеарни импланти
· Куршум, шрапнел или било какво друго метално парче
Известете го технологот и доколку сте бремени бидејќи се уште не се добро познати ефектите на магнетните полиња врз фетусот. Вашиот доктор може да ви препорача некое друго тестирање или одложување на магнетната резонанца.
Исто така е важно да кажете доколку имате проблеми со црниот дроб или со бубрезите бидејќи проблемите со овие органи може да донесат ограничувања на употребата на инјектираните агенси за време на тестирањето.
Резултати
Радиологот (доктор специјално обучен за МР) ги анализира снимките и го известува докторот за резултатите. Потоа, вашиот доктор разговара со вас за резултатите и за следните чекори.
Радиологот (доктор специјално обучен за МР) ги анализира снимките и го известува докторот за резултатите. Потоа, вашиот доктор разговара со вас за резултатите и за следните чекори.
Локација на ординацијата:
No comments:
Post a Comment