Deneska 13 avgrust e den na levorakite
Денеска, 13 Август е денот на левораките. Тој се слави од 1984 година а се случува на иницијатива на Меѓународната конфедерација на левораките во знак на протест против востановениот свет на деснораките. Левораки се од 3 до 10% од луѓето во светот, во порана возраст тие се повеќе, а во зрела возраст - помалку, покажуваат статистичките податоци. Според истражувачите специфичен ген утврдува дали човек е леворак или деснорак уште во утробата на мајката. Леворак е денешниот претседател на САД, Барак Обама, како и неговите претходници Бил Клинтон, Џорџ Буш постариот, Бенџамин Френклин, Томас Џеферсон, Џон Кенеди и Роналд Реган. Меѓу најпознатите левораки меѓу познатите личности во светот се основачот на "Мајкрософт" Бил Гејтс ѕвездата Анџелина Џоли, Еминем, Курт Кобејн, Бетовен, Моцарт, Бил Клингтон, 50 Цент и многу други познати личности од различни области. Некои велат дека левораките се и по интелегентни. Дали и вие така се чувствувате? НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ НАМ ЛЕВОРАКИТЕ! ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДЕНОТ!
|
Elisaveta - levorak |
No comments:
Post a Comment