ПОГАЧА СОНЦЕ
Уште еден пекарски специјалитете од кујната на Мигусто инспириран од Валентина. Првиот кој го направивме беше одличен и можете да го видите на овој линк, па затоа решивме повторно да засукаме ракави. Веруваме дека и оваа погача многу ќе ви се допадне.
Погача 2 ала Валентина Зуркан
INGREDIENTS
- 500 г брашно
- ½ коцка свеж квасец
- 200 мл млеко и вода (вкупно)
- 50 г путер (омекнат)
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- ½ лажичка прашок за печење
INSTRUCTIONS
1.Од сите состојки се замесува тесто и се става во ладилник на 1 ноќ. Во текот на ноќта тестото нараснува но релативно малку. Не се грижите, тоа не е грешка. Температурата во ладилникот не му одговара на тестото да нарасне повеќе, односно габичките да си ја завршат работата.
2.Следниот ден тестото се вади од ладилникот и се остава околу 1 саат на собна температура малку да се стопли. Потоа од тестото се формираат две топки од кои едната е поголема од другата, приближно 1/3 и 2/3 .
3.Поголемата топка се сплескува и се става на дното од тавчето врз хартија за печење, а помалата исто така се сплескува и се став врз неа.
4.Во средината на тестото, со помош на еден прст се притиска одозгора до самото дно на тавчето така што се оформи дупка која може малку да се подрашири.
5.Од таа дупка па кон крајот, со помош на остар нож се сечат парчиња. Јас направив 16.
6.Тавчето со вака припремената погача се покрива со пластична фолија (за да не се создаде корка) и се остава на топло место да нарасне. Треба да се биде трпелив и да се чека додека убаво нарасне.
7.Откако е нарасната се премачкува со јајце или само жолчка, се посипува со сусам или ким и се става во ладна рерна. Рерната се вклучува на 200 степени и се пече додека погачата порумени и добие убава боја.
- CUISINE: ЛЕБ И ПЕЦИВА
- COURSE: ПЕЧЕЊЕ
- SKILL LEVEL: ЕДНОСТАВНА
No comments:
Post a Comment