ЧЕСТИТ
8 МИ МАРТ!
8-ми Март - Меѓународниот ден на жената
Меѓународниот ден
на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година. Тоа е
ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална
рамн...оправност со мажите. Идејата за одбележување на посебен
ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно
инсистираше социјалистичкото дви...жење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28
февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на
Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана
Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува
Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година,
на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од
милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година
жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
По победата на болшевиците во
Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по прв пат е прогласен
за државен празник. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замре,
а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една
западна земја 8 март не е прогласен за државен празник.
Денес, 8 март е
државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина,
Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина. A
Република...
No comments:
Post a Comment