ЕКОЛОГИЈА ЧУВАЈ ЈА
ПРИРОДАТА И ТАА ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ЧУВА! ЗДРАВА СРЕДИНА - Дваесет и први март е Денот на
екологијата.Зеленото јаболко е знак на екологијата,снак што ти кажува дека нешто
е чисто и здраво. - За местото каде што живееш - дом, село, населба или град,
постојано грижи се да бидат чисти. - Не фрлај отпадоци - од п...розорец, на
улица, не фрлај пластика, таа не гние. ПОЧИТУВАЈ ГИ ЕКОЛОШКИТЕ ПРАВИЛА! Грижи се
за опстанокот на шумите, реките, езерата, не уништувај ги дрвјата.Негувај ги
животните и цвеќињата во својот дом, особено фикусот - бенџамин. Тој го
прочистува воздухот. - Прави често прошетки и излети во природата, трчај и
вежбај. Така ќе бидеш здрав и силен и отпорен на болести. СПОРТУВАЈ! Одрувај ја
хигиената - чистотата! Внимавај да не се повредиш! Биди искрен и кажи дали ги
почитуваш овие правила? ЗДРАВА ХРАНА - ЗДРАВО ТЕЛО Јади здрава храна! Храната
мрсна е опасна! Што е здраво и врапчињата знаат - зрнеста храна. Телото најмногу
сака овошје и зеленчук. Контролирај го твоето здравје! БИДИ ДОБРО РАСПОЛОЖЕН!
Запознавај се со други деца! Играјте заедно! Прославувајте ги родендените
заедно! Уште што треба да правиш за да бидеш здрав? АКЦИИ - На 21 март направете
акции - Чист дом, Чиста градинка, Чисто училиште, ... СОБЕРЕТЕ ГИ НЕПОТРЕБНИТЕ
ПРЕДМЕТИ И ОДНЕСЕТЕ ГИ НА ПРЕРАБОТКА - РЕЦИКЛИРАЊЕ! ДРАГО ДЕТЕ ТИ ПОСАКУВАМ
СРЕЌНО ДЕТСТВО! Елисавета Смичкоска - Киковиќ 6/30/2012 Види
повеќе
No comments:
Post a Comment