Sunday, July 29, 2018
Thursday, July 26, 2018
KEFIR DIET KLUB
КЕФИР - ХАУС ПОЛНО ЗДРАВЈЕ
26 јули 2018 во 20:48, Нема коментари
Кефирот е долго чуваната тајна за долговечноста на луѓето кои живеат во Кавказ и редновно го користат овој пијалок во својата исхрана. Зборот ,,кефир“ се смета дека потекнува од турскиот збор KEIFU кој во слободен превод би значело ,,добро чувство“ бидејќи самиот напиток со редовна употреба доведува до општо здравје и благосостојба. За да го подготвите вкусниот кефир, потребни ви се кефирови зрна. Што претставуваат кефировите зрна? Тоа е всушност склоп на бактерии и габички, слично како комбухата, кои живеат во симбиоза и се одговорни за ферментацијата на млекото. Преработувајќи ја лактозата, микроорганизмите продуцираат витамини, органски киселини и други полезни продукти за кои ќе зборуваме малку подоцна.
Кефировите зрна се купуваат од продавница (на нашите простори тешко се наоѓаат) или го користите џокерот ,,повикај пријател“, некој што веќе ги има, ги одгледува и е желен да ги сподели. Постапката за подготовка на кефир е следна:
- На половина литар млеко се додаваат околу 2 лажици (не користете метални лажици) кефирови зрна. Млекото, свежо или варено, но никако врело, и кефировите зрна се ставаат во стаклен сад, тегла или шише со пошироко грло. Садот се покрива со газа или чиста ткаенина и се обезбедува со помош на гумичка или врвка. По 24-48 часа стоење на собна температура и повремено промешување имате вкусен и освежителен кефир. Зрната се отстрануваат, се измиваат под млаз ладна вода и се спремни за нова доза млеко.
Нутритивен профил на кефирот
Во една чаша кефир има само околу 100-тина калории, но и 10 гр. протеини и 20% од дневните потреби за калциум, а изобилува и со железо и јод. Во кефирот се застапени сите витамини од Б комплексот, но и витамините К2, фолна киселина и витаминот Д. На сето ова, кефирот е значително осиромашен од лактоза, па е погоден и за интолерантни лица. Значајно е да се нагласи смирувачкото дејство кое потекнува од аминокиселината триптофан што во кефирот ја има во големи количини.
Зошто кефирот е подобар од јогуртот? Ако јогуртот е извор на пробиотици, тогаш кефирот е супер извор на пробиотици. Содржи дури 3 пати повеќе видови на добри и полезни микроорганизми. Ова е особено полезно после антибиотска терапија, кога настанува нарушување на балансот во дигестивниот тракт. Од друга страна подготовката на кефирот е далеку полесна отколку подготовката на јогуртот, кој бара одржување на соодветна температура при процесот.
Исто така, останати здравствени придобивки кое може да ги добиете од консумирањето на кефир се следните:
- Го јакне имунитетот;
- Го чисти организмот од токсини;
- Помага при воспоставување на нормален крвен притисок;
- Го намалува нивото на холестерол;
- Помага при болести на желудникот;
- Ја обновува цревната флора и ги ублажува цревните болести;
- Помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчна ќеса;
- Лекува воспалителни процеси;
- Помага при слабокрвност и слаба циркулација;
- Помага при лекување на респираторни заболувања;
- Помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем;
- Делува против габички и бактерии;
- Го успорува ширењето на канцерогените клетки;
- Помага кај астма и алергии.
Автор: Таневски Влатко
Нема коментари
Оставете одговор
Последни пораки
- КЕФИР - ЧАША ПОЛНА ЗДРАВЈЕ
26 јули, 2018 - РЕЦЕПТИ ЗА ЗДРАВИ ПОЈАДОЦИ: ПОЈАДОК БР. 7
22 Jul, 2018 - УРДА - НЕИСЦРПЕН БУНАР НА ПРОТЕИНИ И ЗДРАВЈЕ
9 Jul, 2018 - МРАЧНАТА СТРАНА НА СОКОТЕРАПИЈАТА
8 Jul, 2018 - ИЗГУБИВ 18,5 КИЛОГРАМИ И КРВНАТА СЛИКА МИ Е ОДЛИЧНА
1 Jul, 2018 - РЕЦЕПТ: ПОДГОТВЕТЕ ДОМАШНО ЧОКОЛАДО СОГЛАСНО РЕЦЕПТОТ НА ВТ ДИЕТ КЛУБОТ
24 Jun, 2018 - РЕЦЕПТИ ЗА ЗДРАВИ ПОЈАДОЦИ: ПОЈАДОК БР. 6
20 Jun, 2018
Subscribe to:
Posts (Atom)