Thursday, January 30, 2014

LEK ZA GASTRITIS I DR.

Сигурен лек за гастритис со свежо исцеден сок

- подготовка и употреба







Најчеста причина за акутно желудечно воспаление е престуденото, премрсното, преобилното и зачинето јадење кое тешко се вари. При такво оптоварување слузницата на желудникот се воспалува, потекува, се зацрвенува и настапува пореметување во варењето.
При лекувањето мора да се одбегнуваат или целосно да се исфрлат цигарите, алкохолот, конзервираните јадења, кафето, биберот, лутите запржени јадења, многу зачининети, суви и кисели јадења, ферментирано сирење и храна која ја нагризува и онака оштетената слузница.
ЗЕЛКА
Сокот од свежа зелка се употребува кај хроничниот гастритис посебно кај намалена киселост, чир на желудникот и дуоденумот, болести на црниот дроб и панкреасот, вишок на килограми. Во домашни услови сокот се добива со цедење од иситнети листови на зрела зелка. Се пие по половина чаша трипати дневно 1 час пред јадење. Добиениот сок може да се чува во фрижидер најмногу два дена. При подолго чување од сокот исчезнуваат лековитите својства.
КОМПИР
Наједноставен лек за гастритис, диспепција, слабо варење, гасови во желудникот, лигавење- е сок од компир. Овој сок е потребно да се пие наутро на гладно по една чаша и веднаш по тоа болниот треба да се врати во постела уште половина час. По 1 час може да се појадува. По 10 дена терапија, се прават 10 дена пауза, па се повторува терапијата уште 10 дена.
ТЕГАВЕЦ
Тинктурата и свежиот сок од листовите се препорачува кај желудечно-стомачните болести ( гастритис, чир на желудник и дуоденум, ентеритис, колитис, колика, диареа). Една супена лажица суви иситнети листови се преливаат со чаша врела вода, се оставаат 10 минути. Се пие во голтки еден час пред јадење. Ова е дневна доза.
Добро измиените листови  се дробат, се исцедува сокот, се меша со исто толкаво количество мед и се готви 20 минути. Се зема по 2-3 супени лажици дневно. Се чува во добро затворен сад на студено и темно место.

Поврзани Вести

ПРЕПОРАЧУВА
Бесплатни
совети и факти
направена според
крвната група
Повеќе